Сцена

Роуан Аткинсон очекува со новиот филм да ги надомести финансиски загуби по разводот

Британскиот комичар Роуан Аткинсон неодамна се појави на премиерата на својот нов филм „Top Funny Comedian", кој ќе се прикажува само во Кина, пишува „Дејли Меил“, нагласувајќи дека глумецот ужива „голема наклонетост“ меѓу Кинезите, со оглед на тоа ш

21.03.2017 09:47:44
 Британскиот комичар Роуан Аткинсон неодамна се појави на премиерата на својот нов филм „Top Funny Comedian", кој ќе се прикажува само во Кина, пишува „Дејли Меил“, нагласувајќи дека глумецот ужива „голема наклонетост“ меѓу Кинезите, со оглед на тоа што филмот „Oдморот на господин Бин" во 2007 заработи над 3 милиони долари само во кинеските кино сали.

Во новиот филм, Аткинсон повторно го глуми „господин Бин“, а заработката од него сигурно добро ќе му дојде по разводот со сопругата Сунeтра во 2015, при што тој загуби речиси пет милиони фунти.

Глумецот и Сунетра беа во брак цели 24 години, а се разделија поради неговата колешка, комичарката Луиз Форд со која сега е во врска. Тие двајца често се мета на таблоидите, главно поради разликата во години, односно тоа што Роуан (62) е речиси двојно повозрасен од својата нова избраничка.

Вредноста на недвижностите на Аткинсон се проценува на околу 70 милиони фунти, а само вилата во Лондон што тој ја купи во 2014, вреди 21 милион фунти.