Македонија

Најава за засилени полициски контроли во Источна Македонија

Сообраќајната состојба во источниот дел од државата, денес полицајците ја оценија како загрозена. Само викендов регистрирани биле дванаесет сообраќајки, од кои во две патниците се здобиле со тешки телесни повреди.

20.03.2017 21:20:26

За да се подобри безбедноста на патиштата, но и да се намали бројот на жртви најавени се засилени акциски контроли. Според анализите алкохолот и брзото возење се најчести причини кои доведуваат до сообраќајни последици.

Само во една акциска контрола која полицијата ја спроведе деновиве, регистрирани се 72 возачи кои возеле пребрзо, а полицискиот радар уловил педесет возачи во населено место каде ограничентата брзина е 50км.на час.

Александра Ристевска