Македонија

Македонија е една од земјите со највисока стапка на кариес

Граѓаните немаат навика превентивно да одат на стоматолошки преглед – алармираат лекарите. Сметаат дека неопходни се итни мерки за подигнување на свеста.

20.03.2017 17:41:30
Македонија се вбројува во земјите каде стапката на кариес е многу висока и тоа најмногу затоа што граѓаните немаат навика превентивно да одат на стоматолошки преглед – алармираат лекарите. Сметаат дека неопходни се итни мерки за подигнување на свеста на луѓето. Бидејќи, како и секоја болест, така и кариесот е подобро да се превенира или барем да се открие навреме, за да може да се спаси болниот заб. 

И граѓаните признаваат дека одат на стоматолог само кога ќе почувствуваат болка во забите. Немаат објаснување зошто не го посетуваат својот забар и без причина. Категорични се дека на македонските граѓани им недостасува здравствена култура. 

На светскиот ден на оралното здравје на неколку фреквентни места во Скопје и низ Македонија претставници на стоматолошката комора ги советуваа граѓаните како да го заштитат своето орално здравје. За разлика од лани кога се потенцирала заштитата на забите уште од најмала возраст, фокусот на годинешното одбележување на 20 март е здравјето на забите на повозрасните, луѓето од третото доба. 

Елена Ставровска - Севриевска