Свет

Габриел: Турција ги премина границите

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел го обвини турските власти дека „ги премнале границите“ со своите обвинувања против германската канцеларка Ангела Маркал за „нацистичко однесување“.

20.03.2017 10:00:57
 Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел го обвини турските власти  дека „ги премнале границите“ со своите обвинувања против германската канцеларка Ангела Маркал за „нацистичко однесување“. 

- Ние сме толерантни, но не сме идиоти, изјави Габриел во интервју за денешниот број на германскиот весник „Пасауер Ноје Пресе“.

Тој нагалси дека „јасно му порачал“ на турскиот министер за надворешни работи Мављут Чавушоглу дека ја преминале границата со обвинувањата изречени од претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

Ердоган вчера упати лични навреди на сметка на Меркел, обвинувајќи ја за „нацистичко однесување“, поради нејзината одлука да ја поддржи забраната за учество на турски министри на митинзи на Турците на територијата на Германија, организирани во пресрет на референдумот за уставните измени во Турција, закажан за 16 април. 

- Кога ќе ги наречете нацисти, на Европејците им станува непријатно и тогаш манифестираат солидарност. Особено Меркел, изјави Ердоган во настап на една турска телевизија, додавајќи дека германската канцеларка користи нацистички мерки.