Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Прифаќањето на тиранската платформа најголема опасност за Македонија

Најголемата опасност по Македонија во моментов е Зоран Заев и неговото прифаќање на уцените да ја реализира платформата од Тирана, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму повторно бараат Заев да се откаже од ваквото сценарио, а за возврат, велат, ќе ја добие н

20.03.2017 09:49:36
 Најголемата опасност по Македонија во моментов е Зоран Заев и неговото прифаќање на уцените да ја реализира платформата од Тирана, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму повторно бараат Заев да се откаже од ваквото сценарио, а за возврат, велат, ќе ја добие нивната поддршка за формирање влада.

- Доколку се плаши од уцените и ветувањата што ги дал, нека ја изнесе платформата од Тирана на избори за народот да му каже што мисли за неа, посочуваат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава дека Заев е фатен жив во голем број афери и, како што се посочува, свесен за казните кои следат за ваквите кривични дела тој е подготвен по секоја цена да дојде на власт.

- Дури и по цена на највисоките државни и национални интереси. Аболицираниот криминалец Заев се надева дека така ќе влијае на судските спорови и судски одуки. Зоран Заев гледа што зборува и ветува Зијадин Села за менување на знамето и химната, за непостоење на македонскиот народ и за бркање од работа на Македонците за на нивно место да вработи Албанци. Гледа, но не реагира и спремен е сето ова да го поддржи само да седне на премиерската фотеља поткрепена со платформата од Тирана, се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека се подготвени да поддржат малцинска влада на СДСМ и да гласаат за програмата на СДСМ, со цел да се спречи растурањето на државата.

Ваквата цел за растурање на Македонија, се вели во соопштението, постои скоро цела деценија, но сега ја има својата кулминација бидејќи „одредени фактори од надвор во криминалецот Заев најдоа човек подготвен по секоја цена да дојде на власт за да се спаси себе од криминален прогон и кој сакајќи да се спаси себе си ја жртвува Македонија“.