Свет

Пол Рајан: Нацрт законот за здравствена заштита да предвиди поголема помош за постарите лица

Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Пол Рајан најави денеска дека ќе побара измени во спорниот републикански нацрт закон за здравствена заштита за да се обезбеди поголема помош за постарите лица кои се погодени од тој план.

19.03.2017 19:17:02

Со анализа е утврдено дека според предлогот, постарите лица во иднина веројатно ќе плаќаат повеќе за здравствено осигурување.

Рајан нагласи дека луѓето во 50-ти и 60-ти години ќе имаат поголеми трошоци кога станува збор за здравствено осигурување.

– Сметаме дека треба да обезбедиме поголема помош отколку што предвидува нацрт законот, изјави тој за Фокс њуз.

Гласањето е закажано за в четврток.