Црна хроника

Притвор за осомничените дилери на дрога, полицијата трага по уште двајца од групата

Шестата осомничена по барање на обвинителството заврши во куќен притвор бидејќи станува збор за мајка со бебе.

19.03.2017 16:28:08
Хероин, кокаин, марихуана и екстази запенила полицијата од домовите на шестмината осомничени дилери на дрога кои беа уапсени во петокот вчера. Доцна синоќа специјалци уапсените ги спроведоа во скопскиот кривичен суд, по распитот кај судија на претходна постапка за 5 одредена е мерка притвор шестата осомничена по барање на обвинителството заврши во куќен притвор бидејќи станува збор за мајка со бебе. 

Од јавното обвинителство информираат дека од групата осомничена за препродавање дрога се бараат уште двајца, кои се уште се недостапни на органите на прогонот. 

Според информации од истрагата, осомничените работеле како организирана група, дрогата која ја набавувале од Арачиново, ја препродавале низ цела држава. Полицијата во петокот вечерта, извршила претреси во домовите на сега уапсените и тоа во Прилеп, Битола и околината на Скопје. Доказите на обвинителството укажуваат дека осомничените сториле кривично дело неовластена трговија со дрога, а двајца  од нив ќе одговара и за неовластено оружје, односно перење пари. 

Вчера дел од медиумите лиферуваа информација дека меѓу осомничените е и братот на претседателот на општинската организација на СДСМ во Арачиново, како и фотографија од лидерот на Алијансата на Албанците, Села во прегратка со првоосомничениот од групата.   



Катерина Гетева