Балкан

Мустафа: Нема косовска војска без координација со САД

Предлогот на косовскиот претседател Хашим Тачи за трансформација на безбедносните сили во војска на Косово, нема да добие зелено светло од Владата на Косово.

18.03.2017 18:08:18
 – Предлогот на косовскиот претседател Хашим Тачи за трансформација на безбедносните сили во војска на Косово, нема да добие зелено светло од Владата на Косово.

Премиерот Иса Мустафа изјави дека формирањето војска на Косово може да се случи само во соработка со меѓународните пријатели.

- Формирањето армија ќе се случи единствено во координација со САД и НАТО, изјвави Мустафа во Подујево, на собир по повод 17-годишнината на неговата партија Демократски сојуз на Косово.

На просецот на трансформација на БСК во војска, остро се спротивстави американскиот амбасадор во Приштина, Грег Делави, кој изјави дека такво нешто не може да се случи без уставни измени. Дека тоа не треба да се случи порача и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Наспроти тоа, претседателот Тачи истакна дека за трансформацијата има целосна координација со меѓународните партнери и оти многу набрзо тој процес ќе се случи.

- Не е едностран чекор, но доколку некој смета дека Косово треба да се координира со Србија, такво нешто нема да се случи. Од премиерот на Србија, Александар Вучиќ побарав да влијае за враќање на Србите во институциите на Косово, со цел да се изгласа формирањето на Заедницата на српски општини, договорот за демаркација на границата со Црна Гора, како и уставните измени за БСК, но нивниот одговор беше колеблив, поради тоа враќање назад нема. БСК треба да се трансформираат во војска, нагласи Тачи.