Спорт

Леброн им донесе победа на Клливленд -нов трипл-дабл за Вестбрук

Шест натпревари се одиграа во НБА лигата каде по три победи забележаа домашните и гостинските состави.

17.03.2017 11:41:20
Кливленд со 91:83 славеше над Јута натпревар на кој Леброн Џејмс запиша 33 поени и 10 скока.
Одличен беше и Кајри Ирвинг со 21 поен додека Џеј Ар Смит уфрли 12 поени.
Кај Јута најефикасен со 20 поени беше Руди Гоберт.

Голден Стејт ја запиша втората победа во серија откако со 122:92 го декласираше Орландо.
Клеј Томпсон беше предводникот по бројот на поени во победничкиот состав со 29, Стефон Кари додаде 25 и Андре Игудала 14 поени.
Елфрид Пејтон и Џеф Грин со по 13 поени пружија најголем отпор кај гостите. 

Оклахома Сити е еден тимовите кои успеа да запише гостинска победа и тоа од 123:102 над Торонто за што најзаслужен беше Расел Вестбрук со нов трипл-дабл од 24 поени, 10 скока и 16 асистенции.
Кај Торонто Демар Дерозан уфрли 22 поени. 

На останатите средби се постигнаа следниве резултати: Атланта –Мамфис 91:103, Њујорк –Бруклин 110:121 и Денвер –Лос Анџелес Клиперс 129:114.