Спорт

Комплетирање на 26.коло во кошаркарската Евролига

Со денешните четири натпревари се комплетира 26.коло во најсилното Европско кошаркарско натпреварување –Евролигата.

17.03.2017 11:40:17
Натпреварувачкиот ден го отвора дуелот Уникс Казан Жалгирис од 17:00 часот. Домаќините ги загубија шансите за место во плејофот додека за Жалгирис оваа средба може да е решавачка во битката за место меѓу најдобрите осум. 

Еден час подоцна се среќаваат Дарушафака и Барселона. Олимпијакос кој веќе обезбеди пласман во плејофот го пречекува елиминираниот Галатасарај од 20:00 часот, додека денешната понуда од 21:0 часот ја затвора дуелот Басконија –ЦСКА Москва.