Спорт

Во Нион одредување на 1/4 финалните двојки во ЛШ и ЛЕ

Попладнево во Нион ќе бидат извлечени четврт-финалните двојки во фудбалската Лига на шампиони и Лигата на Европа.

17.03.2017 11:39:33
Точно напладне, во 12:00 часот, ќе стартува жрепката за одредување на тимовите кои ќе се сретнат во четврт-финалето во поквалитетното натпреварување каде своите противници ги очекуваат: Атлетико Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Јувентус, Лестер, Монако и Реал Мадрид.

Еден час подоцна ќе бидат извлечени и двојките во Лигата на Европа каде местото во полуфиналето го бараат Ајакс, Андерлехт, Бешикташ, Селта, Генк, Лион, Манчестер Јунајтед, и Шалке.