Спорт

Стартуваат квалификаците за ракометарките до 19 години

За младата женска ракометна селекција во земјава попладнево стартува квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство во Словенија.

17.03.2017 11:38:44
Првиот предизвик на квалификациите кои се одржуваат во Скопје е селекцијата на Унгарија со која нашите ракометарки до 19 години ќе се сретнат во Спортскиот центар Кале од 19:30 часот.

Во нашата група се уште и Молдавија и Фарските острови со кои редоследно ќе се сретнеме во следните два дена.
Пласман на континенталниот собир обезбедуваат двете првопласирани селекции во конкуренцијата.