Спорт

Женската ракометна селекција на контролен дуел со Србија

Женската ракометна репрезентација попладнево ќе го одигра првиот натпревар со Србија, дел од ЕХФ неделата и подготовки за претстојниот бараж за пласман на Светскиот шампионат.

17.03.2017 11:37:56
Првиот од двата натпревари се игра денеска во салата во Автокоманда од 16:30 часот и истиот е од затворен карактер.

Селекцијата предводена од Симе Симовски во јуни ќе се сретне со Шведска на двомеч за пласман на Светскиот собир во Германија.