Економија

130.000 вработени во јавниот сектор

Јавниот сектор има 129.653 вработени, за нивните плати се трошат преку 50 проценти од буџетот на државата. Бројот на вработени во јавниот сектор во 2016 година бил зголемен за еден процент во споредба со 2015 и тоа во дејностите образование, з

16.03.2017 18:21:23
 Јавниот сектор има 129.653 вработени,  за нивните плати се трошат  преку 50 проценти од буџетот на државата. Бројот на вработени во јавниот сектор  во 2016 година бил  зголемен за еден процент  во споредба со 2015 и тоа во дејностите  образование, здравство, социјала,  МВР во армијата  од друга страна намалување на бројот на вработени  имало во органите на управата, јавните претпријатија основани од општините .  Зголемувањето на бројот на вработени кај 511 институции  се должи поради целосната имплементација  на законот за трансформација  во редовен работен   со кој заклучно со септември 2016 година ангажираните  4684 на договори како хонорарци, волонтери  се трансформираа во решенија  за редовен работен однос.  

На презентацијата  на годишен извештај  од регистарот на вработените во јавниот сектор беше укажано дека во пораст се рамковните вработувања каде  од 10 проценти вработени  во јавниот сектор сега се околу 20 проценти.  Најмногу од вработените  во јавниот сектор се на возраст од 45 години и тоа 30 проценти од вкупниот број на вработени. 

Целта на извештајот е на едно место да се обезбедат податоци  и за институциите и за државата кои понатаму ќе  послужат за планирање на човечките ресурси за подготовка на следната стратегија за јавната администрација  за период од  2017-2022 година. 

Вероника Мароска Леова