Економија

Со Македонија вработува 1 и 2, вработени речиси 30 илјади луѓе

Досега, за отворање на сопствен бизнис аплицирале повеќе од 100 невработени. Додека на првиот јавен оглас годинава за кредитирање на компании, според АВРМ, барање за кредит поднеле 19 компании кои би вработиле 14 луѓе

16.03.2017 18:21:32
Сите физички и правни лица кои сакаат да аплицираат за сплетот мерки за кредитирање можат да го сторат тоа најдоцна до утре, кога истекува рокот. Досега, за мерката само вработување со кредитирање, за отворање на сопствен бизнис аплицирале повеќе од 100 невработени. Додека на првиот јавен оглас годинава за кредитирање на компании, според АВРМ, барање за кредит поднеле 19 компании кои би вработиле 14 луѓе.  

Комбинирајќи ги двете мерки, односно кредитирање на правни субјекти и финансиска поддршка за мали и средни претпријатија, печатница во општина Аеродром вработила 7 луѓе.

Преку мерките кои се спроведуваат 10 години, но и со развивање на сопствени капацитети, бројот на невработени лица во општина Аеродром од 7600-тини во 2006-тата сега се намалил на 4 илјади.  

Инаку, на јавниот оглас за само вработување со грант кој веќе заврши, пристигнале 1300 апликации, а прашалници пополниле повеќе од 1200 невработени лица кои сакаат да отворат свој бизнис. Оваа, но и другите мерки се комбинираат со програмите Македонија вработува еден и два преку кои се вработени речиси 30 илјади луѓе. 

Елена Ставровска - Севриевска