Спорт

Србија последна контрола пред баражот со Шведска

Најдобрите македонски ракометарки се подготвуваат за баражот за пласман на СП.

16.03.2017 12:15:58

Нашата А репрезентација предводена од селекторот Симе Симовски одржува еднонеделни подготовки кои предводникот на националниот тим ги користи за што е можно подобра форма во пресрет на јунскиот бараж за пласман на Светското првенство со Шведска.

Во завршницата на овие мини подготовки нашата репрезентација утре и в сабота ќе одигра два контролни натпревари со Србија, но и двата дуела ќе бидат затворени за јавноста.