Спорт

Хјустон триумфираше над ЛА Лејкерс, трипл-дабл на Харден

Во НБА лигата одиграни се 10 натпревари.

16.03.2017 12:06:42

Во дуелот на поранешните шампиони Хјустон го декласираше Лос Анџелес Лејкерс со 139:100. Прва ѕвезда на натпреварот беше Џејмс Харден со 18 поени, 12 скока и 13 асистенции, Лу Вилијамс имаше учинок од 30 поени и седум додавања додека Тревор Ариза беше стрелец на 20 поени.

Во поразениот тим Џулиус Рендал забележа 32 поени и осум скока, а Брендон Инграм и Џордан Кларксон постигнаа по 18 поени. 

Во останатите натпревари:

Вашингтон - Далас 107:112

Индијана - Шарлот 98:77

Бостон – Минесота    117:104

Мајами – Њу Орлеанс   120:112

Детроит – Јута   83:97

Чикаго – Мемфис   91:98

Сан Антонио – Портланд    106:110

Феникс – Сакраменто   101:107

ЛА Клиперс – Милвоки   96:97