Македонија

Месила Дода повторно со провокации: Застанете во одбрана на Илирида !

Албанската пратеничка Месила Дода која Македонија ја нарече Илирида,продолжува со провокациите.Повика во одбрана на светата земја Илирида, нагласувајки дека иако е прогласена за непожелна личност таа нема да оди во ФИРОМ туку во Илирида

15.03.2017 17:53:30
 Албанската пратеничка Месила Дода која Македонија ја нарече Илирида,продолжува со провокациите. По контроверзната изјава во која не нарече држава без никакво значење и ги подржа Албанците од УЧК на Шара повторно се огласи на својот фејсбук профил. Повика во одбрана на светата земја Илирида, нагласувајки дека иако е прогласена за непожелна личност таа нема да оди во ФИРОМ туку во Илирида. Ова значи дека прифаќам да одам само во Илирида, застанете во одбрана на Илирида, само еден дом, порача таа.
 
 Под итно да се соберат сеалбанските политички сили и да помогнат Илирида да одржи референдум за прогласување на самостојност,порача Дода која е пратеник во албанското собрание од партијата ПДИУ и е во коалиција со Социјалистичката партија на Еди Рама. 

 - Ви се обраќам, од тука, од албанската страна на граница, но не се сомневајте за многу брзо ќе се обратам и од другата страна на границата. Нема да може Иванов, Груевски или некој друг анти-Албанец да си игра со животите на тамошните Албанци и да ја претворат во европската Палестина. Албанците од Илирида треба да бараат целосни права доколку Заев се повлече и доколку претседателот што го потпиша крајот на својата држава не даде оставка, треба под итно да се соберат сеалбанските политички сили и да помогнат Илирида да одржи референдум за прогласување на самостојност,вели Дода.
 
 На сето ова се огласи Универзитетскиот професор Цуцуловски кој на својот фејсбук профил напиша дека не може да разбере како омразата кон една партија, може да биде над љубовта кон татковината, кон земјата и средината во која човек се родил.

 - Не можам да сфатам како овие „душегрижници“ за демократијата, слободата и правдата, меѓутоа и одлучни борци против, како што самите тие оценуваат, примитивниот македонски патриотизам, не го забележуваат албанскиот шовинизам. Не можам да разберам како остануваат незаинтересирани, ниту можам да разберам зошто во своите медиуми не ги објавуваат изјавите на Зијадин Села, на оние што доаѓаат од Косово или од Албанија, како и обраќањето на албанската пратеничка Месила Дода. Обраќање полно со омраза кон Република Македонија и со директни закани за воена интервенција (надворешна и внатрешна) врз Република Македонија. Ова не е ништо друго освен своевидно најавување на војна против Република Македонија. И, повторно, молк!- вели Цуцуловски 

 Креатор на Тиранската платформа е токму Еди Рама. Истата од албанските партии во Македонија беше потпишана на 7-ми јануари оваа година, по одржаната средба со него.

 

odi si

Од: sall

Време: 15.03.2017 19:25:28

Коментар: ti mnogu ne provokuvaj.ako ne sakas odi si vo albanija ili kade sakas...nikogas nema da vidis slikata golema albanija..ako raspadne makedonija sigurno albanija ne ali tursko moze..bidejki turska takva namera nema togas drugo.ali albanija ne

Од:

Време: 15.03.2017 18:10:23

Коментар: SE sto posakuvaat na Nas ce im dojde na nivna glava I na taa domorotka koja neznae sto zboruva I na toj Rama , nasiot narod e pameten I nema da SE vraca vo 1 vek Kako nekoi sto uste ne izlegle od nego, takvi luge I izjavi ne vredaat Ni da GI objavuvate , luge bolni vo mozok I zedni za vlast .