Економија

ССК: Со воведување на ИКТ до поголема конкурентност на компаниите

Во Македонија нема недостаток од кадри со ИТ познавања, се повеќе се прошируваат образовните програми во средните училишта и на факултетите, но проблемот се ниските плати, поради кои тие најчесто емигрираат во странство или пак работат од дома за стр

15.03.2017 17:53:19
 Во Македонија нема недостаток од кадри со ИТ познавања, се повеќе се прошируваат образовните програми во средните училишта и на факултетите, но проблемот се ниските плати, поради кои тие најчесто емигрираат во странство или пак работат од дома за странски фирми. Главен предизвик за компаниите е како да ги задржат овие кадри во земјава, но и да инвестираат во нови ИКТ решенија .

Новите технологии најчесто ги воведуваат странските инвеститори во земјава. За домашните компании постојано да го следат технолошкиот напредок, да работат на развој на иновации, како и усвојување на глобалните трендови веќе подолг период се најавува изградба на технолошки парк во главниот град.

Македонија се наоѓа на 65-та позиција од 175 држави во светот според развојот на информатичко - комуникациските технологии. На глобално ниво, најбрзо растечки држави лани биле Јужна Кореја, Исланд и Данска.

Тања Попова