Спорт

Триумф на Кливленд, нов трипл-дабл на Џејмс

Во НБА лигата одиграни се пет натпревари.

15.03.2017 12:00:33

Кливленд го совлада Детроит со 128:96, а прва ѕвезда на мечот беше ЛеБрон Џејмс со учинок од 16 поени, 11 скока и 12 асистенции забележувајќи го четвртиот трипл-дабл месецов или вкупно десетти сезонава.

Кајри Ирвинг впиша 26 поени и шест асистенции додека Иман Шамперт беше стрелец на 18 поени.

Во поразениот тим Тобијас Харис постигна 17 поени додека Маркус Морис додаде 13 поени и седум скока. Во останатите натпревари:

Голден Стејт - Филделфија 106:104

Њу Орлеанс - Портланд 100:77

Оклахома - Бруклин 122:104

Њујорк - Индијана 87:81