Црна хроника

Сопругот на починатата битолчанка обвинет за сурово убиство

Четириесет и седум годишната битолчанка Емануела Даркова која вчера беше пронајдена мртва во својот стан, сета облеана во крв и со тешки повреди на главата, полицијата денеска потврди дека е убиена. Утрово е приведен нејзиниот сопруг Илија

14.03.2017 17:53:10
 Четириесет и седум годишната битолчанка Емануела Даркова која вчера беше пронајдена мртва во својот стан, сета облеана во крв и со тешки повреди на главата, полицијата денеска потврди дека е убиена. Утрово е приведен нејзиниот сопруг Илија, со кој заедно живееја во станот на ул. ``21.`` со нивната четиригодишна ќерка и е обвинет по чл. 123 ст. 1 и 2 од Кривичниот закон. Иако вчера обвинетиот пријавил дека ја пронашол сопругата мртва, сепак сите траги за можен сторител воделе кон него.

- Делото го направил на крајно свиреп начин со повеќе удари на тапо тврдо средство, највероајтно сукало кое го имал дома, и и нанел на жртвата смртоносни повреди во пределот на главата. Екипите на СВР Битола заедно со јавен обвинител, извршија увид на лице место, при што, констатирано беше дека во дневната соба без знаци на живот се наоѓала починатата, падната на подот во дневната соба целосно во крв, во горниот дел особено во предело на главата, без знаци на живот - рече на денешниот прес Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Бидејќи со истражните дејствија не се забележани траги од упад, ниту недостасуваат некави предмети во станот, сомнежот кон сопругот веднаш станал воочлив поради прснатини од крв настанати од близина врз неговата облека. Како можен мотив, неофицијално се зборува дека е евентуална расправија помеѓу сопружниците, заради долгови на Илија поради кои се појавиле извршители, а официјалните одговори ќе ги даде истрагата.

Петар Стефановски