Економија

Започна градбата на гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар

Започна градбата на примарниот гасовод од Скопје до Тетово и Гостивар, како прва фаза вредна 29 милиони евра, а се очекува да биде готов за околу две години

14.03.2017 17:53:23
 Започна градбата на примарниот гасовод од Скопје до Тетово и Гостивар, како прва фаза вредна 29 милиони евра, а се очекува да биде готов за околу две години. Увид во градежните работи денеска извршија Премиерот Емил Димитриев, Директорот на Енергетски ресурси,Крсте Миладинов и Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.

По завршувањето на оваа ќе почне следната фаза на градба на гасоводот до Кичево.

Паралелно се работи и на гасоводот Штип -Неготино,каде градежните работи се веќе 50% завршени.Овие два примарни гасоводи се со вкупна вредност од 45 милиони евра инвестиции.

Милена Вуческа