Македонија

СДСМ: Иванов веднаш да ни го даде мандатот за состав на нова влада

СДСМ, по денешната изјава на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во која посочи дека пречките за определување мандат се уште не се отстранети, преку соопштение до медиумите повторно го повикува веднаш да им го даде мандатот за состав н

13.03.2017 14:25:31
 СДСМ, по денешната изјава на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во која посочи дека пречките за определување мандат се уште не се отстранети, преку соопштение до медиумите повторно го повикува веднаш да им го даде мандатот за состав на нова влада.

- Го повикуваме Иванов да не одолговлекува во обид да ги спаси Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност за криминалите и злоупотребите, и веднаш да го даде мандатот за состав на новата реформска влада на граѓаните на Република Македонија, се вели во реакцијата од СДСМ на изјавата на претседателот Иванов.

Огромно мнозинство, се додава, од околу 700 илјади гласачи избраа промени, правда, заедништво.

- Програмата на новата влада тоа ќе го овозможи, се нагласува во реакцијата од СДСМ. 

 

Dajmu na covekot

Од: Tome

Време: 13.03.2017 15:25:15

Коментар: Da i jas mislam deka treba da mu dade Ivanov na Zaev ama ne mandat tuku Pasos na Albanski da moze da se Isele od Makedonija zatoa sto i onaka nema da moze da seta megu negovite sogragani so svoeto semejstvo. Sramota aram da ti e lepceto sto go jadis G-dine Zaev

СДСМ: Иванов веднаш да ни го даде мандатот за состав на нова влада

Од: zoran- sr

Време: 13.03.2017 15:00:14

Коментар: kakvi 700 000 glasaci, vie ne ste pismeni, za mandatot ke go dobiete koga javno ke se otkazete od albanskata platforma .