Спорт

Осминафинале во Лига Европа

Вечерва се играат и првите осминафинални дуели во Лига Европа.

09.03.2017 15:37:54

Од 19 часот на програмата се три натпревари: АПОЕЛ е домаќин на Андерлехт, Копенхаген го пречекува Ајакс додека Манчестер Јунајтед му гостува на Ростов.

За 21 часот и пет минути закажан е стартот на дуелите: Селта - Краснодар, Гент - Генк, Лион - Рома, Олимпијакос - Бешикташ и Шалке - Борусија Менхенгладбах.