Спорт

Бостон повторно подобар од Голден Стејт

Во НБА лигата одиграни се 11 натпревари.

09.03.2017 15:35:27

Бостон и во вториот дуел сезонава беше подобар од Голден Стејт совладувајќи го со 99:86. Ајзеа Томас забележа 25 поени и три асистенции, Кели Олиник впиша 17 поени, пет скока и пет додавања, а Ејвери Бредли имаше 12 поени и шест освоени топки под обрачите.

На спротивната страна Клеј Томпсон имаше учинок од 25 поени и шест скока додека Стефан Кари впиша 23 поени, шест асистенции и пет скока.

Во останатите мечеви:

Орландо – Чикаго 98:91

Атланта – Бруклин 110:105

Мајами – Шарлот 108:101

Хјустон – Јута 108:115

Милвоки – Њујорк 104:93

Њу Орлеанс – Торонто 87:94

Сан Антонио – Сакраменто 114:104

Минесота – ЛА Клиперс 107:91

Индијана – Детроит 115:98

Денвер – Вашингтон 113:123