Црна хроника

Човек загина во пожар во лимена барака во Кочани

Во пожар во лимена барака во Кочани, загина едно лице. Пожарот избувнал синоќа околу 23:30 минути.

09.03.2017 18:52:16
Во пожар во лимена барака во Кочани, загина едно лице. Пожарот избувнал синоќа околу 23:30 минути. Со брзата интервенција кочанските пожарникари не дозволиле  пламените јазици да ги зафатат и дрвјата кои се во близина на лимената барака, која била привремено живеалиште на 62 годишниот кочанчанец Ванчо С. 

Во пеплосаните остатоци пожарникарите пронашле јагленисано тело. Ванчо во својот импровизиран дом во кој немало електрична енергија живеел неколку месеци, откако си ја продал куќата. Денес роднините и соседите со неверување ја примија веста.

Од СВР-Штип информираат, дека телото е предадено на обдукција и се работи на идентификација. За неполна недела ова е втор случај. Во неделата во светиниколското село Богословец изгоре 80 годишен старец.


Александра Ристевска