Спорт

Серена Вилијамс се откажа од Индијан Велс

Светскиот рекет број еден нема да настапи на турнирот во Калифорнија и ќе го загуби првото место на ВТА листата.

08.03.2017 12:26:51

Поради повреда на коленото Серена Вилијамс го откажа настапот на турнирот во Индијан Велс.

Не играњето на турнирот во Калифорнија ќе ја симне Вилијамс од лидерската позиција на ВТА листата и без оглед на резултатот што ќе го постигне Анжелик Кербер ќе се врати на првото место.