Спорт

Портланд ја совлада Оклахома, Новицки за историја

Во НБА лигата одиграни се три натпревари.

08.03.2017 12:17:18

Портланд на гостувањето против Оклахома славеше со 126:121. На домашниот тим не му помогна ниту блескавата партија на Расел Вестбрук кој забележа 58 поени, девет асистенции и три скока. Виктор Оладипо постигна 16, а Енес Кантер 11 поени.

Во победничкиот тим Алан Краб беше стрелец на 23 поени, Демијан Лилард имаше учинок од 22 поени и осум додавања додека Си Џеј Меккалум впиша 21 поен.

Далас го совлада ЛА Лејкерс со 122:111, Дирк Новицки уфрли 25 поени и стана шестиот играч во историјата на НБА кој успеал да ја надмине бројата од 30.000.

И во последниот натпревар Вашингтон забележа победа од 131:127 во дуелот против Феникс.