Црна хроника

Опожарено возило во Тетово, полицијата го расветлува случајот

Ноќеска околу 3 часот и 30 минути, од засега неутврдени причини избувнал пожар во патничко возило „Пасат“ со струшки регистерски таблици, сопственост на 34 годишна жителка на Тетово

07.03.2017 18:30:48
 Ноќеска околу 3 часот и 30 минути, од засега неутврдени причини избувнал пожар во патничко возило „Пасат“ со струшки регистерски таблици, сопственост на 34 годишна жителка на Тетово, кое било паркирано на тротоарот пред станбената зграда во која живеела, на улица  „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово. 
 
"Опожарена  е задната десна страна од возилото, како и дел од седиштата, а зачадена е и целата негова внатрешност .Со интервенција на тетовските пожарникари, пожарот набрзо е локализиран."
 
Од СВР информираат дека извршен е комплетен увид, пронајдени и подигнати се траги за вештачење и се расветлува, како и зошто избувнал пожарот. Материјалната штета допрва ќе се утврдува.                                            

Милена Вуческа