Црна хроника

80 годишник настрада во пожар

Изгоре 80 годишен старец во светиниколското село Богословец. Пламените јазици синоќа околу 21 часот ја проголтале куќата на старецот (Темелко Митков).

05.03.2017 17:49:27
 Изгоре 80 годишен старец во светиниколското село Богословец. Пламените јазици синоќа околу 21 часот ја проголтале куќата на старецот (Темелко Митков). На повиците од соседите кои стравувале пожарот да не ги зафати и останатите куќи, веднаш и одговориле  светиниколските пожарникари, на кои поради тешко пристапниот пат до селото,  им требало повеќе време  за да стигнат до местото на несреќата.

Безуспешна била борбата со огнот, кој откако бил ставен под контрола, во  пеплосаните остатоци од куќата пожарникарите пронашле јагленисано  тело за кое се претпоставува дека е старецот. Јавен обвинител изврши увид на местото на несреќата, а дополнителната истрага треба да ги утврди причините кои го предизвикале пожарот.

Селото Богословец во кое живеат само стари лица се наоѓа на околу петнаесетина километри од Свети Николе, а најголем дел од куќите се напуштени.


Александра Ристевска