Македонија

Реакција на Рама на обраќањето на Иванов

На неговиот профил на фејсбук и твитер тој наведува дека албанскиот јазик е јазик на еден државотворен, а не на непријателски народ.

02.03.2017 10:17:15

По вчерашното обраќање на македонскиот   претседател Ѓорге Иванов, во кое  кажа дека не му го доделува мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, првата реакција од Албанија дојде од премиерот Еди Рама.

На неговиот профил на фејсбук и твитер тој наведува дека албанскиот јазик е  јазик на еден државотворен, а не на непријателски народ.

- Господине Иванов,албанскиот јазик  не е јазик на непријател,туку на државотворен народ во Македонија. Без Албанците нема Македонија, сакан Претседателе, напиша Рама на социјалните мрежи.

Инаку, албанските медиуми отстапија широк простор за обраќањето на Иванов, посебно на делот каде зборува за Платформата на Албанците.

 

MA NEMOI

Од: MAKEDONEC

Време: 02.03.2017 15:48:08

Коментар: Nemoze=Velika Albanija..Vi gi chitame planovite=Nemoite kako zapadot da go praie narodot budala..Nigde u svetot nema "Dvojazichnost"-samo vo tvojata drzava dda si pravish i trijazichost=Ama vo tuga drzava Ne. Ova nee Albanija..Znaeme nie koj vigi pravi planovite i podrzava=da pravite kako oni shto pravat na istokot..??

Од:

Време: 02.03.2017 11:02:41

Коментар: toa e vistinata