Здравје
Пет предности од возење велосипед
Покрај тоа што возењето велосипед е здраво, тоа е и економично, а да не спомнуваме и дека на тој начин ја зачувувате природата.
Знаете ли дека на светот постојат повеќе од милијарда велосипеди?
Покрај тоа што возењето велосипед е здраво, тоа е и економично, а да не спомнуваме и дека на тој начин ја зачувувате природата.
Во продолжение прочитајте пет причини поради кои едноставно мора да имате велосипед.
Здрав е за телото
Ја
поттикнува работата на кардиоваскуларниот систем, ја зголемува
кондицијата, а корисен е и за согорување на калории. Секој ден ќе
работире на линија без одење во теретана.
Здрав за умот
Возењето
велосипед го намалува стресот, а независно од тоа дали го возите од
забава или ви служи како средство за превоз до работа, со велосипед ќе
стигнете посреќни, полни со енергија и многу по опуштени.
Здрав за околината
Земјите
ширум светот се обидуваат да ја намалат емисијата на штетни гасови кои
ги произведуваат автомобилите, а велосипедот е одлично средство за
борба против тоа. Освен што ќе бидете посреќни и фит, ќе се чувствувате
добро бидејќи ќе знаете дека правите нешто добро за околината.
Практичен
Метежот
на патиштата поради кои многу возачи губат нерви? Тоа на
велосипедистите не значи ништо. Тенок, брз и способен да се провлече
низ најтесниот премин, велосипедот ќе се претвори во сојузник кој ви
заштедува време, а ќе ги избегнете и скапите паркинзи.
Здрав за паричникот
Бензинот
кој автомобилите го голтаат е голем удар за паричникот, а слично важи и
за градскиот јавен превоз. Под услов да имате кацига и да возите според
прописите, возењето велосипед е најевтино возење, а бесплатните нешта
секогаш се најдобри.