Спорт

Германско дерби во осминафиналето

Познати се осминафиналните двојки во фудбалската Лига Европа.

24.02.2017 15:26:33

Најголемо внимание предизвикува германското дерби меѓу Шалке и Борусија Менхенгладба, како и соочувањето Лион - Рома.

Манчестер Јунајтед за противник го доби Ростов, а жестока битка се очекува и во дуелот Олимпијакос - Бешикташ.

Во останатите натпревари се среќаваат: Селта - Краснодар, АПОЕЛ - Андерлехт, Гент - Генк и Копенхаген Ајакс.

Првите мечеви се играат на деветти, а реваншите на 16 март.