Култура

Светска праизведба на ``Смислата на животот`` од Нетанјаху во Битола

Дали во душата на човекот може да се бара причината за огромната омраза и злоба во општеството, како онаа кон Евреите? Оваа дилема, преку ликот на д-р Франкл, вистинска личност која го преживеала Холокаустот и психијатар кој прв ја применил лого- тер

24.02.2017 17:29:38
 Дали во душата на човекот може да се бара причината за огромната омраза и злоба во општеството, како онаа кон Евреите? Оваа дилема, преку ликот на д-р Франкл, вистинска личност која го преживеала Холокаустот и психијатар кој прв ја применил лого- терапијата во својата клиника во Виена, е тематската преокупација на израелскиот драматур Идо Нетанјаху во пиесата ``Смислата на животот``, која во Народниот театар во Битола ќе има светска праизведба, беше речено на денешниот прес.

- Размислуваме за тоа што правиме, како правиме, колку придонесуваме за светот во кој што живееме да стане подобар, а тоа е и главната идеа, моја лична но и на претставата која што неминовно, во еден дел, покрај историските факти од животот на Франкл, кој што го преживеал Холокаустот и ја измислил лого- терапијата, се допира и до денешното живеење и проблемите на светот, таков како што е - рече режисерот Благоја Мицевски.

Овој тежок и мачен текст е обид, преку последиците од доживувањата во нацистичките концентрациони логори, да се сфати вистинското значење на силите што владееле и што владеат во нашиот свет. Играат седум битолски актери, а режијата е на Благоја Мицевски.

Петар Стефановски