Спорт

Жрепка за 1/8 финале во Лига Европа

Денеска во 13 часот во Нион со жрепка ќе бидат одредени осминафиналните двојки во Лига Европа.

24.02.2017 12:04:26

Во вчерашните натпревари најголемото изненадување го направија Гент, АПОЕЛ Никозија и Селта елиминирајќи ги фаворизираните Тотенхем, Атлетик Билбао и Шахтар Доњецк. Борусија Менхенгладбах славеше над Фиорентина, Андерлехт со гол во последните моменти го елиминираше Зенит, а Ајакс беше поуспешен од Легија.

Место меѓу 16-те најдобри обезбедија уште Олимпијакос, Бешикташ, Рома, Лион, Генк, Ростов, Копенхаген, Шалке, Краснодар и Манчестер Јунајтед.