Свет

Во Србија не е можно сценариото „Путин-Медведев“

Замена на функциите меѓу српскиот премиер Александар Вучиќ и претседателот Томислав Николиќ не е можна, пишува весникот „Блиц“, повикувајќи се на извори од Владата на Србија.

21.02.2017 10:10:40

Замена на функциите меѓу српскиот премиер Александар Вучиќ и претседателот Томислав Николиќ не е можна, пишува весникот „Блиц“, повикувајќи се на извори од Владата на Србија.

Во текот на разговорите меѓу Вучиќ и Николиќ, по кои Николиќ се откажа од претседателската кандидатура, тема не била идниот ангажман на Николиќ, иако овие денови во јавноста се шпекулира што би можел Вучиќ да му понуди во замена за повлекувањето од трката за шеф на државата.

- Целосно е исклучена можноста Николиќ, откако ќе замине од претседателската функција, да биде нов премиер. Во Србија не е можно сценариото „Путин-Медведев“, велат во српската Влада.