Македонија

Екс-пратеникот на СДСМ Есад Рахиќ им се закани на новинарите што пишуваат за брат му

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ Есад Рахиќ им објави војна на новинарите кои пишувале за неговиот брат Сеад кој во петокот беше уапсен под сомнение дека вршел трговија со дрога и нелегално поседување на оружје.

20.02.2017 18:20:50
Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ Есад Рахиќ им објави војна на новинарите кои пишувале за неговиот брат Сеад кој во петокот  беше уапсен под сомнение дека вршел трговија со дрога и нелегално поседување на оружје. Не можам да гарантирам како ќе реагираат моите пријатели кога на улица ќе ги сретнат новинарите кои пишуваат небулози за мојот брат, порачува поранешниот пратеник на СДСМ во гостување на телевизијата 24 Вести. 

Петмината членови на криминалната група добија притвор во време траење од 30 дена. 

Во големата полициска акција  кај осомничените била пронајдена паковка со дрога и куршуми. Според МВР, криминалната група, организирана од Сеад Рахиќ, од ноември, лани, континуирано вршела продажба на кокаин низ цело Скопје, но и надвор од градот, и тоа по цена од 3.000 до 4.500 денари за една паковка. Полициската истрага засега утврдила осомничените дрогата ја набавувале од, непознато лице од Србија, и тоа во количество меѓу 100 и 200 грама. Од Полицијата велат дека интензивно се работи на идентивжфикување на српскиот државјанин кој ги снабдувал осомничените лица.


Ивана Соколовиќ Најдова