Македонија

БЕСА нема намера да учествува во телото за подготовка на нов закон за јазиците

БЕСА нема да делегира свои членови во новото тело кое ќе работи на изработка на нов закон за употреба на јазиците, ниту пак ќе учествува на некакви состаноци кои ги свикува лидерот на интегративците.

20.02.2017 18:33:13
 Кревање галама и бучава за сметка на политички поени во пресрет на локалните избори. БЕСА нема да делегира свои членови во новото тело кое ќе работи на изработка на нов закон за употреба на јазиците, ниту пак ќе учествува на некакви состаноци кои ги свикува лидерот на интегративците. Прифаќаат да преговараат само за она за што се договориле во Албанија, се друго е само купување на време и политичка игра на поединци. Според нив,  Али Ахмети е главен виновник за актуелната состојба на Албанците во Македонија и тој  нема легитимитет  да ги застапуваат Албанците. За БЕСА ова е злоупотребување на платформата договорена во Тирана. Сепак,  своите 5 потписи ќе му ги дадат на Заев, а барањата од тиранската Декларација треба да се решаваат во Собрание.

Затоа, се додека нема иницијатива за свикување на тркалезна маса според тоа што сме се договориле, тоа значи дека нема воопшто да се организира. Состаноците кои се одржуваат во име на Декларацијата, повеќе личат на разговори за коалиција на ДУИ –Алијанса отколку на масата договорено со Декларацијата. Меѓутоа, ова не го спречува спроведувањето на Декларацијата, бидејќи Движењето БЕСА се уште ја поддржува Декларацијата и кога нејзините точки ќе дојдат во Собранието на Р. Македонија, нејзини пратеници ќе ги поддржат нив, стои во соопштението на БЕСА.

Зијадин Села не сака да ги коментира ставовите на БЕСА, вели законот за јазици конечно мора да се реши. Но, на иста линија се со Движењето БЕСА дека за ова мора да се разговара во Парламентот.

И од ДУИ без коментар за одбивањето на БЕСА да делегира свои членови во телото за јазици. Артан Груби потврдува дека тој е едниот член на интегративците а веќе до утре ќе се знае и вториот. Сега ДУИ е на ставот дека предлогот за употреба на албанскиот јазик и писмо не задира во Уставот и тој не треба да се менува, велат тоа воопшто не е предмет на преговори. Партиски извори наведуваат дека ќе се разгледуваат предлози кои биле спорни за СДСМ. 

Од друга пак се понеизвесен е и бројот на пратеници кои ги освои Заев, дали ќе застанат зад него доколку не ги подржува албанските интереси. Доколку се одлучи на ваков чекор барем засега  ќе има еден пратеник помалку.  
Доколку Заев поддржува некоја политика што не е во интерес на албанците вие дали би излегле јавно да се спротиставите?

Зекири: Доколку констатирам дека некој излегува надвор од принципите за кои јас сум во оваа партија, јас веќе нема да бидам дел од таа партија.

Веќе една недела  СДСМ и ДУИ си разменуваат предлози, но јавноста останува покуса за нивните детали и она што е спорно во предлозите.Се погласни се шпекулациите дека партиите се блиску до договор, но само се купува време. Од Беса велат ДУИ го кочи процесот, тие не можат самостојно  да донесат  никаква одлука,но  велат , подобро е да донесат погрешна одлука, отколку никаква.


Весна Ќуксановиќ- Крстевска