Македонија

Бејли и Американската амбасада под лупа на Генералниот инспектор на САД

Амбасадорот Бејли и Американската амбасада можно е да бидат под официјална истрага на Генералниот инспектор на САД, најави републиканскиот конгресмен Трент Франкс.

20.02.2017 18:21:22
Амбасадорот Бејли и Американската амбасада можно е да бидат под официјална истрага на Генералниот инспектор на САД, најави републиканскиот конгресмен Трент Франкс.
 Канцеларијата на генералниот инспектор која има цел спречување на неефикасното или нелегалното работење има бројни канцеларии, меѓу кои и Канцеларијата на Генералниот инспектор за Агенцијата за меѓународен развој, или кај нас попозната како УСАИД. Конгресменот Франкс изрази загриженост за парите од УСАИД кои одат до организации кои се поврзани со Џорџ Сорос.

 - Тоа е следниот чекор, веќе имавме прелиминарни дискусии барајќи од американскиот генерален инспектор да истражи, како и од канцеларијата на сметководствотои да ни кажат што се случува со парите кои се испраќаат и јасни се индикациите дека парите кои се испраќаат со цел да се помогне за промоција на човековите права и Македонија одат до организации поврзани со Џорџ Сорос што е спротивно со промоцијата на човекови права и сакаме да го промениме тоа најбрзо што можеме,вели републиканскиот конгресмен Трент Франкс.
 
 Иницијативата започна од 6те американски конгресмени кои покренаа истрага и бараа одговори од амбасадорот Бејли  на 4 прашања поврзани со Фондацијата отворено општество, медиумите, граѓанското општество и партиските политики.  И конгресменот Кристофер Смит реагираше на информациите дека американската амбасада е финансиер на активностите на невладините организации поврзани со фондацијата Сорос. Тој истакна дека обвинувања треба целосно да бидат истражени  и дека САД треба да промовираат демократија, а не да бидат партиски пристрасни и да заземаат страна. 

 Во меѓувреме во вчерашното интервју конгресменот Франкс изрази загриженост за парите од УСАИД што одат до организации кои се поврзани со Џорџ Сорос, не само во Македонија туку и низ целиот свет истакнувајки дека Сорос е непријател на американските идеали за човекова слобода и ако американските долари одат до организации поврзани со Џорџ Сорос значи дека се поткопуваат нивните идеали како Американци.


Лепа Џундева