Македонија

Арбитри ќе ги решаваат проблемите помеѓу работниците и работодавците

Законот за мирно решавање на работните спорови стапи на сила во 2015 година. 90 кандидати поминаа стручна обука, а 50 од нив добија лиценци за работа.

20.02.2017 18:21:44
Побрзо и поевтино решавање на проблемите помеѓу работниците и работодавците. Конфедерацијата на слободни синдикати го промовираше механизмот кој ќе им помогне на газдите и вработените да најдат заеднички компромис за меѓусебните спорови кои се однесуваат на колективниот договор, работниот ангажман или задоцнетите плати. 50 лиценцирани арбитри и помирувачи ќе им бидат на располагање на синдикатите и работниците. Трошоците за постапката ќе ги покрива Министерството за труд и социјална политика. 

Помирувачите ќе бидат линк помеѓу синдикатите и работодавците во однос на  колективните договори, синдикално организирање или штрајк, а решението ќе треба да биде донесено за десет дена. 

Законот за мирно решавање на работните спорови стапи на сила во 2015 година. 90 кандидати поминаа стручна обука, а 50 од нив добија лиценци за работа. За останатите видови на индивидуални работни спорови постои законот за медијација кој го спроведува Министерството за правда.  

Биљана Божиновска