Македонија

Железничкиот сообраќај трет ден во прекин

Железничкиот сообраќај во Македонија трет ден е во целосен прекин поради протестот на вработените на Македонски железници Инфраструктура чии синдикати бараат решавање на проблемот со исплатата на платите.

20.02.2017 09:17:30
 Железничкиот сообраќај во Македонија трет ден е во целосен прекин поради протестот на вработените на Македонски железници Инфраструктура чии синдикати бараат решавање на проблемот со исплатата на платите. 

Не сообраќат ниту патничките, ниту товарните возови, информираат од Железничката станица во Скопје.

Протестот е во организација  на организација на Независниот синдикат на МЖ, СЖМ-Инфраструктура и АНС - Железничари.

Од Македонски Железници Транспорт АД Скопје информираа дека пред почетокот на викендот на вработените ќе им биде исплатен вториот дел од платата за декември 2016, а до крајот на месецов и платата за јануари 2017 година.

- Заради огромните проблеми со кои се соочи целокупниот железнички систем во минатата 2016 година кога поради блокадите на железничката пруга кај нашиот јужен сосед, Македонски Железници Транспорт АД Скопје претрпе директна загуба од 5 милиони евра, на што доколку се додаде и вратените долгови во износ од 15 милиони евра и исплатените заостанати 4,5 плати, во почетокот на оваа година повторно се соочува со одредени финансиски предизвици, соопшти МЖ Транспорт, од каде најавија дека во тек на неделава во соработка со Владата на Република Македонија треба да се финализира решението за подолгорочно решавање на состојбите во железниците во Македонија.