Македонија

18-год. девојка почина на сред час во СГГУ „Здравко Цветковски“

Трагичен крај на животот на една тинејџерка од Скопје - починала на своето училишно столче во текот на часот. 18 годишното девојче, цел ден не се пожалило на било што, ниту на мака ниту на болка. Но трагичен бил часот по историја, од втората смена во

17.02.2017 17:54:31
Трагичен крај на животот на една тинејџерка од Скопје - починала на своето училишно столче во текот на часот. 18 годишното девојче, цел ден не се пожалило на било што, ниту на мака ниту на болка. Но трагичен бил часот по историја, од втората смена во средното градежно гимназиско училиште „Здравко Цветковски“. Околу 18 часот, без било каква најава или поплака, на девојчето му се слошило и паднало на земја. Соучениците ги фатило паника, професорите веднаш притрчале на помош. Но кога виделе дека не дава никакви знаци, сториле се што знаеле да ја освестат. Итно повикале брза помош. Кога пристигнале почнале со реанимација и веднаш ја префрлиле на ургентниот центар. За жал лекарите таму можеле само да констатираат смрт. 
Нејзините соученици велат дека се се случувало многу бргу. Виделе само гужва и лекарски екипи. Пред камерата на Алфа велат дека не ја познавале починатата девојка. Нормално, после ваков трагичен настан, верзии за што станува збор има многу 

Случката ја потврдија и од Министерството за внатрешни работи. Оттаму велат дека поради околностите во кои починала 18-годишната ученичка, наредена е темелна истрага за случајот. 

Засега е непознато од што починала младата девојка. Причините за оваа трагична несреќа треба да ги утврди обдукцијата. 

Официјален став од училиштето Алфа не успеа да добие. Останаа недоговорени прашањата дали навистина 18-годишната девојка имала здравствени проблеми или станува збор за нешто сосема друго. 

Елена Ставровска - Севриевска