Економија

Ќе се реновираат седум фасади на станбени објекти во Аеродром

Во државата поголем дел од постарите станбените објекти се енергетски неефикасно градени, со тоа губат околу 50 проценти од енергијата.

16.02.2017 18:00:26
Во државата поголем дел од постарите станбените објекти се енергетски неефикасно градени, со тоа губат околу 50 проценти од енергијата. Од министерството за животна средина велат дека енергетската ефикасност  се смета за прво гориво, па оттаму апелираат  до градоначалниците да извршат реконструкција  на фасадите кои немаат добра изолазија. Тоа ќе придонесе кон финансиска заштеда  на буџетите на граѓаните  при плаќање на електрична и топлинска енергија, а ќе влијае и на заштита на животната средина бидејќи ќе се намалат емисиите на ПМ честичките, а тоа пак ќе значи подобар живот на граѓаните.

Градоначалникот  на Општина Аеродром најави реконструкција  на седум фасади на најоштетени станбени објекти. Новите фасади ќе бидат енергетски ефикасни, градежните активностите ќе започнат од Април,  а според очекувањата на  надлежните ќе бидат завршени до крајот на годината. 

Лани Општината изработи проекти за реконструкција на 18 фасади, од кои во првата фаза ќе бидат опфатени седум. За  инвестицијата  обезбеди 25 милиони денари.  Инаку само во Општина Аеродром има 50-тина делумно оштетени станбени објекти  кои  ќе бидат реконструирани наредните години. 


Вероника Мароска Леова