Црна хроника

Мистериозна смрт на 25 годишно момче во Кочани

Мистериозна смрт на 25 годишно момче рано утринава го потресе Кочани. Беживотното тело на младиот Бојан е пронајдено во подрумот во зградата каде што живеел.

15.02.2017 18:16:28
 Мистериозна смрт на 25 годишно момче рано утринава го потресе Кочани. Беживотното тело на младиот Бојан е пронајдено во подрумот во зградата каде што живеел. Неофицијални информации укажуваат дека на телото на момчето имало видливи повреди, при што соседот кој го пронашол телото  веднаш  повикал  Итна медицинска помош.

Засега надлежните молчат. Официјално не соопштуват никакви детали поврзани со мистериозната смрт на момчето. Во Кочани пристигна и специјална екипа за форензика од Скопје која неколку часа ја чешлаше зградата која се наоѓа во строгиот центар на градот. И додека се чекаат деталите, кочанци со неверување за трагедијата која ги снајде нивните соседи. 

Телото на 25 годишното момче е дадена на обдукција во Институтот за судска медицина, каде што по направените анализи ќе се утврди дали станува збор за убиство или нешто друго.


Александра Ристевска