Црна хроника

Почна судењето за смртта на 4 годишното дете од Куманово

Прв сведок на обвинителството беше мајката на детето. Жената не можеше да ги задржи солзите додека раскажуваше што се случило кобната ноќ кога почина нејзиниот син.

15.02.2017 18:16:44
Доза невнимание  или убиство со умисла, што бил мотивот на 30 годишниот Бобан Илиќ, ноќта на 25 јуни, да влета со возилото во 4 годишниот Алмир Алиу, кој ја држел мајка си за рака  во болницата во Куманово и чекал да замине дома. Денеска во кривичниот суд во Куманово почна судењето за смртта на Алмир. Обвинителството тврди дека има докази дека Илиќ со умисла го убил детето, како и дека таткото на Алмир, чичко му и уште еден роднина извршиле насилство во болницата, пред Илиќ со возилото да удри во детето. 

Прв сведок на обвинителството беше мајката на детето. Жената не можеше да ги задржи солзите додека раскажуваше што се случило кобната ноќ кога почина нејзиниот син. Според нејзиното тврдење, Бобан сакал да ги убие сите неа детето нејзиниот сопруг. Причина банална расправија бидејќи дале ред за болнички преглед на други. Илиќ пред судот се изјасни како невин. 


Во случајот обвинети се и таткото на Алмир, чичкото на детето и уште еден роднина. Обвинителството на товар им става насилство. Не убиството според обвинението не му претходела банална расправија туку тепачка. Нивниот бранител вина гледа само во Бобан, најави кривична и за неговиот брат кој кобната ноќ исто бил во болница.


Додека траеше судењето пред судот во Куманово невладината организација Глас одржа мирен собир, од судот бараат правда и правично судење. 




Катерина Гетева