Култура

Битолскиот театар доби национална поддршка за пет сценски проекти

Со Националната програма за култура за 2017 година, ресорното министерство на Битолскиот народен театар му одобри за финансирање пет големи сценски проекти, со четири претстави

27.01.2017 18:19:27
 Со Националната програма за култура за 2017 година, ресорното министерство на Битолскиот народен театар му одобри за финансирање пет големи сценски проекти, со четири претстави и ``Битола Шекспир фестивалот``. На денешниот прес, беше речено дека со сопствени сили, театарот ќе постави уште пет претстави и ќе заокружи девет сценски остварувања во годинешната репертоарска сезона.  Бидејќи два од крупните проекта се одбиени,  ќе биде поднесен приговори, а четирите претстави финансирани со буџетскаи пари, ќе ги постават познати режисерски имиња.

- Нашиот театар оваа година ги доби следните проекти- `` За смислата на животот``, праизведба на израелскиот писател Идо  Натанјаху``. Потоа го добивме проектот  кој ќе го работи Андреј Цветановски ``ДонЖуан`` од Молиер. Нареден проект е адаптацијата на ``Коцкар`` во режија на Дејан Проејковски,како и шекспировиот ``Сонот на летната ноќ`` што ќе го работи Џон Блондел од САД- рече директорот валенти Светозарев.

Исто така, поддржано ќе биде и гостувањето во Канада.
- Нашиот театар доби едно гостување во Торонто во Канада, кое ќе биде во рамките на ``Деновите на македонската култура`` со претставување на повеќе проекти и изложби, а ние ќе бидеме дел од тоа со претставата  ``Без паника`` на режисерот Благоја Мицевски - рече Светозарев.

Со Националната програма, ќе биде реализиран заедничкиот проект на Театарот и Центарот за култура кои делуваат во ист објект, за реконструкција на фасадата со надворешното осветлување и системот за ладење.

Пеце Стефановски