Култура

Македонската филхармонија ќе изведе филмска музика од познати руски филмови

Македонската филхармонија вечер во Домот на АРМ ќе одржи концерт насловен „Гротеска“ на кој ќе изведе филмска музика од познати руски филмови.

26.01.2017 09:09:12
 Македонската филхармонија вечер во Домот на АРМ ќе одржи концерт насловен „Гротеска“ на кој ќе изведе филмска музика од познати руски филмови.

Под диригентската палка на Емил Табаков од Бугарија, оркестарот ќе изведе две мошне атрактивни дела кои прв пат ќе прозвучат на македонската музичка сцена. Станува збор за оркестарската свита „Гогољ“, како и за оркестарската свита „Зајадливец“ од руските музички мајстори Алфред Шнитке и Дмитриј Шостакович.

Цената на билетите е 300 денари и можат да се набават на билетарницата на Домот на АРМ или преку веб страницата http://www.mktickets.mk.