Здравје

Од што се би се откажале луѓето за да ослабат

Поттикнат од ова, лондонскиот весник „Дејли Експрес“ спроведе анкета за тоа од што би се откажале гурманите заради брзо слабеење и добивање витка линија.

16.01.2017 18:57:44

По новогодишните и божиќните празници, многу луѓе бијат битки со зголемената тежина.

Поттикнат од ова, лондонскиот весник „Дејли Експрес“ спроведе анкета за тоа од што би се откажале гурманите заради брзо слабеење и добивање витка линија.

Според акетата, голем дел од граѓаните во Велика Британија за таа цел се подготвени да се откажат од социјалните мрежи на една година.

Изненадувачки, резултатите покажуваат и дека голем дел од луѓето би апстинирале од секс, алкохол, па дури и би „се откажале од мајка си“, за да имаат подобра физичка форма, но не и од чоколадите и колачите.

На прашањето - што би направил за веднаш да ослабне, еден од 20 испитаници одговорил дека е подготвен да ги прекине односите со својата мајка. Десет отсто без размислување би се откажале од секс, а три отсто - од алкохол.

Британците на возраст меѓу 25 и 34 години би платиле стотици фунти, доколку би можеле за миг да се ослободат од килограмите.