Спорт

Ѓорческа триумфално на првиот меч од квалификациите за АО

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа испиша нова страница во историјата на македонскиот тенис откако со победата над Саиша Викери ја забележа првата победа на еден грен слем турнир.

12.01.2017 10:11:51
Ѓорческа во првото коло од квалификациите за пласман на Австралија Опен по три сета со 2:1 триумфираше на тенисерката од Соединетите Американски Држави, која важеше за фаворит на мечот.

Во второто коло нашата тенисерка се среќава со Унгарката, Далма Галфи, која е рангирана како 160-та во светот.