Спорт

Челзи со официјална понуда за Чалханоглу

Челзи испратил официјална понуда до Баер Леверкузен за ангажман на Хакан Чалханоглу.

11.01.2017 18:47:28
Антонио Конте е упорен во намерата до крајот на овој трансфер период да ја пронајде замената за Оскар, кој се пресели во Кина, и истата ја гледа во 22 годишниот турски интернационалец.

Сепак Чалханоглу е стандарден во првиот тим на Леверкузен со што за неговиот потпис Челзи ќе треба да издвои добра сума.

И покрај официјалната понуда, деталите од неа и натаму не се познати.